Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2021 година („Службен гласник на Општина Центар“-Скопје бр. 25/20), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
О Г Л А С
за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науките од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2021/2022 година
Општина Центар-Скопје за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
I Услови за доделување стипендија
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Кандидатите да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар-Скопје и
- Да оствариле континуиран успех одличен (5,00) во текот на школувањето во VI, VII и во VIII одделение.
II Критериуми за доделување стипендија
Освоени награди од областа на науките (природни и општествени) од VI до IX одделение:
- I место градски (општински) натпревар (0,5 бода)
- I место регионален натпревар (1 бод)
- I место државен натпревар (1,5 бода)
- I или II место меѓународен натпревар (2 или 1,5 бода) и
- Наградите од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат предвид
- Се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот.
III Потребни документи
Со барањето кандидатите треба да достават:
- Потврда од училиштето дека кандидатот е редовен ученик
- Биографија на ученикот
- Фотокопии од свидетелствата од VI до VIII одделение
- Фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науките од VI до VIII одделение.
IV Висина на стипендијата и рангирање
– Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година.
– За освоени од два (2) до пет (5) бода висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари.
– За освоени повеќе од пет (5) бода висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.
V Начин на пријавување
Потребните документи да се достават до Општина Центар-Скопје. Пријавите ги разгледува и по нив одлучува Општинската комисија формирана за овој конкурс.
VI Рок за поднесување документи
Рокот за поднесување документи е 30.9.2021 година.
Нема да се разгледуваат некомплетните документи и оние што не се доставени навреме.
- Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.