Образование, Спорт и млади|

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2021 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 25/2020“), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

ОГЛАС

за доделување на спортски стипендии на талентираните спортисти од

општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во

учебната 2021/2022 година

        Општина Центар –Скопје за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии за талентирани ученици од VI до IX одделение од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар –Скопје.

I. Услови за доделување стипендија

Учесниците на огласот треба да ги исполнуваат следните услови:

– да се жители на Општина Центар

– спортистите да се редовни ученици од VI до IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

II. Критериуми за доделување стипендија

Спортистот потребно е да има постигнување на точни (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 1.9.2019 година до 1.9.2021 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

– Освоено индивидуално прво место (1 бод) на државно првенство;

– Балканско првенство прво место (2 бода);

– Европско првенство  прво место (3 бода);

     Останатите успеси и резултати кои не се во согласност со календарот на натпревари од националните и меѓународните спортски федерации, нема да се земаат во предвид.

III. Потребни документи

Со барањето учениците-спортисти на огласот треба да достават:

– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик од VI до IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар;

– Биографија на спортистот;

– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 1.9.2019 година до 1.9.2021 година.

IV.  Висина на стипендијата и рангирање

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 денари и 3.000 денари месечно за осум месеци во текот на учебната  2021/2022 година:

– За освоени два бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно;

– За освоени три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно.

Кандидатот својата апликација има право да ја поднесе, доколку претходно нема добиено стипендија од  други институции.

V.  Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр.1 – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

VI. Рок на поднесување  документи

Рокот за поднесување на документите е 30.9.2021 година.

Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе докуменнти само на еден (1) оглас- култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да бидат разгледувани.

Comments are closed.

Close Search Window