ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 184 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 04.10. до 10.10.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 99 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 85 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.