Прес|

Во врска со написите во објавата на социјалните мрежи од страна на „Шанса за Центар“ (https://www.facebook.com/104691108594318/posts/126810806382348/), кои се однесуваат на градежните работи кои се извршуваат на место на поранешниот трговски центар ТЦЦ Плаза, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ информираат дека по предметот е постапувано и повторно се постапува.

Општината ја информира јавноста дека веќе е известена ПС Центар, извршен е увид на терен и записниците веќе во понеделник ќе бидат поднесени до Основното јавно обвинителство.

Граѓаните се должни да знаат дека изведувачот продолжува да гради и покрај решенијата од инспекциите и веќе поднесените кривични пријави против него.

Comments are closed.

Close Search Window