Uncategorized|

Општина Центар ја известува јавноста во текот на денешниот ден на ул „Орце Николов“ бр. 3 ќе бидат отстранети две дрва од сортата Липа.

Отстранувањето ќе се иврши по поднесено барање од Комерцијална банка со решение заведено под бр. 14-6/117/2 од 12.03.2021 и образложение за небезбедност на минувачите.

По поднесеното барање од Комерцијана банка, вработени стручни лица од Град Скопје заедно со стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“ го разгледаа барањето и извршија непосреден увид на посочената локација на ден 25.03.2021 година. Притоа е утврдено дека дрвата се суви, со деградирани и шупливи стебла, истите имаат суви гранки кои паѓаат покрај тротоарот каде има голем број минувачии и при посилно невреме постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета. По наведеното одлучено е истите да се отстранат.

Општина Центар плански ќе се грижи за зеленилото поради што ќе изработи посебен катастар на дрвја кои што ги има во самата општина. Целта е да се знае кои дрвја се за сечење поради старост и небезбедност односно кои не смеат да бидат отстранети.

Comments are closed.

Close Search Window