КОНКУРС за учество на обуки
Фондација ЦЕЕД Македонија објавува конкурс за учество на жени од Општина Центар на обуки за развој на следниве вештини и знаења: Развој на бизнис идеја и бизнис план, Претприемништво и менаџерски вештини, Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии. Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women “Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.
Заинтересираните кандидатки кои ги исполнуваат критериумите за учество можат да аплицираат за една или повеќе од следните обуки во нивната општина:
Тема, времетраење и број на учеснички | Критериуми за учество |
Развој на бизнис идеја и бизнис план 1 ден со физичко присуство и 2 дена онлајн 20 учеснички | – Невработена, и – Има идеја за започнување на сопствен бизнис – На возраст 18+ години – Минимум завршено средно образование – Жителка на општина Центар |
Претприемништво и менаџерски вештини 1 ден со физичко присуство и 1 ден онлајн 20 учеснички | – Невработена, или – Има идеја за започнување на сопствен бизнис или има започнато свој бизнис во изминатите 3 години – На возраст 18+ години – Минимум завршено средно образование – Жителка на општина Центар |
Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии 2 дена онлајн 20 учеснички | – Невработена, или – Има идеја за започнување на сопствен бизнис или има започнато свој бизнис во изминатите 3 години – На возраст 18+ години – Минимум завршено средно образование – Жителка на општина Центар |
Овие обуки имаат за цел подобрување на пристапот до пазарот на труд и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.
Обуките ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2022 до август 2022.
Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество на обуките по електронски пат, на следниот линк или со директно поднесување на апликацијата до општината.
Доколку сакате да поднесете апликација директно во вашата општина, контактирајте со одговорното лице во општината:
Центар пријава | Дрита Исени Убавка Стојанова Арсова | drita.iseni@centar.gov.mk 076 381 114 bupsi321@gmail.com 075 282 033 |
Рокот за пријавување е 20 декември, 2021 година до 16:00 часот.
Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“. Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)
ВАЖНО: Обуките ќе се реализираат со комбиниран пристап (онлајн и со физичко присуство), а начинот на реализација на обуките ќе зависи од епидемиолошка состојба во периодот на одржување на обуките. Доколку немате услови за онлајн учество, постои можност за следење на обуката на договорена локација (или во просториите на општината или во ЦЕЕД Македонија), каде ќе бидат овозможени потребните технички услови.