Утринава започнаа подготвителните градежни работи за поставување на новата водоводна мрежа на улицата „Отон Жупанчиќ“ во Дебар Маало.
Со поставувањето на водоводната мрежа Општина Центар решава долгогодишен проблем на жителите кои живеат на оваа улица, кои досега немаа сопствена водоводна мрежа, туку користеа вода од посебен приклучок на водоводот на една од соседните улици.
Водоводната мрежа ќе биде изведена со дуктилни цевки, во должина од вкупно 120 метри и трајно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето во овој дел од Општина Центар.
Градежните активности ќе завршат за 30 дена, односно веќе на крајот на јануари идната година, жителите на улицата „Отон Жупанчиќ“ ќе добиваат вода од новата водоводна мрежа.