Во текот на вчерашниот и денешниот ден службите за одржување на хигиената во Општина Центар собраа 6,5 тони парчиња искршена пластика, хартија, суви лисја и гранки од дворот на Градежниот факултет.
Иако редовното одржување на хигиената во кругот на факултетот е надлежност на самата инстуција, Општина Центар излезе во пресрет и го исчисти струдентскиот двор во кругот на факултетот.
Со оваа акција Општина Центар сака да покаже дека овој шут кој досега беше разнесен во кругот на факултетот не треба да е наше секојдневие и затоа е особено важно редовно да се чисти и одржува. Иако расфрлен во дворот, шутот кој навидум изгледа мал всушност тежи неколку тони.
Општина Центар информира дека нејзин приоритет е одржувањето на хигиената на целата територија и затоа мора да се вложат сите заедно и локалната самоуправа и институциите и граѓаните. Оттука, Општина Центар апелира на одложување на отпадот онаму каде што треба, со цел да им се олесни на хигиеничарите побрзо да го исчистат сметот од временските промени, односно сувите лисја.
Општина Центар ќе продолжи да спроведува акции за чистење преку кои и ќе ја јакне јавната свест, како кај граѓаните така и кај институциите. Сите придонесуваме за здрава и чиста животна средина и затоа заедно да се вложиме за чист Центар.