Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 15 решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти односно легализација.

Во периодот од месец ноември 2021 година или по доаѓањето на Герасимовски во Општина Центар донесени се околу 100 барања, согласно Законот за постапување за бесправно изградени објекти во сите четири предвидени рокови.

Врз основа на доставените барања до Општина Центар досега позитивно се решени 5.000 барања, додека, дел од останатите барања се одбиени поради некоплетно доставена документација во предвидениот законски рок, а дел се во постапка поради судски спорови или нерешени имотно-правни односи од страна на самите баратели за легализација на бесправните објекти.

„Стекнување на право на сопственост на објектите значи сигурен дом и висок приоритет за секој граѓанин. Затоа во оваа прилика им честитам на граѓаните кои успешно ги завршија своите постапки за легализација на домовите и конечно после долги години се стекнаа со правото на сопственост над истите. Општина Центар останува отворен партнер за своите граѓани во решавање на нивните проблеми и заеднично креирање на општина по мерка на граѓаните“, изјави Герасимовски.

Поради новиот бран од КОВИД пандемијата и почитување на превентивните мерки одобрените решенија за легализација се делат етапно и во повеќе групи. Висок приоритет на Општина Центар е заштитата и безбедноста на граѓаните од новонастаната ситуација со коронавирусот и зголемениот број на заразени лица.

 

Comments are closed.

Close Search Window