Активности|

КОНКУРС за учество на стручни обуки за жени од општина Центар

Фондација ЦЕЕДМакедонија во соработка со ЦЕНТАРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ  И ОБУКА НА ВОЗРАСНИ „ПОЛИТЕХНИЧКА АКАДЕМИЈА“ПАБ од Битола објавува конкурс за учество на стручни обуки за педикир и маникир, масажа, фризерки, кроење и шиење наменети за жени од општина Центар.

 

Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women “Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој- СИДА.

 

Заинтересираните кандидатки кои ги исполнуваат критериумите за учество можат да се пријаватза една или повеќе од горенаведените обуки предвидени вонивната општина на линкот во табелата:

 

Општина Тема / број на учеснички Критериуми за учество
 

 

Центар

 

 

 

Маникир и педикир

Фризерки

Масажа

Кроење и шиење

 

20 учеснички

 

– На возраст од 18+ години

– Минимум завршено средно образование

– Жителка на општина Центар

 

 

Линк за апликација: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfT1iAubRgP9yjNMZdwgzEJdzDtE69ArKmUzw_f73-WHqRUAQ/viewform

Обуките имаат за цел стручно усовршување на жени, а со тоа и подобрување на нивниот пристап до и конкурентноста на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.

 

Обуките ќе се спроведуваат во периодот одмартдоавгуст 2022.

 

Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество по електронски пат – на линковите наведени во табелата погоре, или пак со директно поднесување на апликацијатаво самата општината.

 

Доколку сакате да поднесете апликација физички директно во општината, контактирајте со одговорните лица во вашата општина:

 

ДритаИсени, drita.iseni@centar.gov.mk, 076381114

Убавка Стојанова  Арсова, bupsi321@gmail.com

 

Крајниот рок за пријавување е 18.02.2022 година до 16:00 часот.

 

Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“.  Предност ќе биде дадена на невработени жени и/или жени со идеја за започнување на сопствен бизнис.Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)

 

ВАЖНО:

 

Секоја учесничка може да се пријави само за една тема од понудените стручни обуки.

 

Секоја од понудените теми за обука ќе биде организирана само доколку има доволен број на пријавени учеснички за таа тема (минимум 5 учеснички за една тема). Во случај да нема доволно пријавени за темата која што сте ја избрале, ќе биде понудена друга тема за која е формирана група.

 

Обуките ќе се реализираат со физичко присуство, водејќи сметка за сите мерки за заштита од ширење на ковид-19 (задолжително носење на маски за време на обуката, дезинфекција и редовно проветрување на просторијата). Начинот на реализација на обуките ќе зависиод епидемиолошка состојба во времето на одржување на обуките.

Comments are closed.

Close Search Window