Врз основа на Програмата за образование на Општина Центар- Скопје за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/21 од 20.12.2022г.), на ден __________.2022 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Проект „Образование за сите“
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Проектот „Образование за сите“, за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2021/2022 година.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 4 (четири) месеци, почнувајќи од 01 март 2022 година до крајот на учебната 2021/2022 година, односно до 10 јуни 2022 година.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000,00 денари нето износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
– самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
– Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, а кои се евидентирани во базата на податоци на Агенцијата за вработување на Република Северна Макеоднија. Предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа, како и кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти.
Заинтересираните невработени лица, Барањата за учество во Проектот „Образование за сите“ можат да ги поднесат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6.
Потребни документи кои треба да бидат доставени се:
- Барања за учество во проект „Образование без пречки“;
- Потврда од Агенцијата за вработување дека кандидатот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;
- Доказ за завршено завршено образование (копија).
Јавниот оглас ке трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот. Огласот е достапен на веб страната на Општина Центар – Скопје и на огласните табли на општинските основни училишта на територија на Општина Центар – Скопје.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Oпштина Центар – Скопје и избраните кандидати.
ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ