Активности|

Во четврток (24.2.2022), младинските невладини организации кои што имаат седишта и кои што ја обавуваат својата дејност на територија на Општина Центар –Скопје, ќе учествуваат во консултативна средба за прашања од интерес за младите.

На средбата ќе се опфатат неколку теми кои се важни за подобро функционирање на општината заедно со младите, со цел Општина Центар да прерасне во општина пријател на младите која во целост ги исполнува обврските кои произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики. Ќе се дискутира за тоа какви политики младите сакаат заеднички да развиваат, како тие ја гледаат соработката со службите на општината и развојот на сервисите за млади, вклучувајќи го и Младинскиот Центар „Матично“.

На средбата поканети се да земат учество младински организации кои делуваат на територија на Општина Центар – Скопје.

Comments are closed.

Close Search Window