Дневен ред за 8-ма седница на Совет на Општина Центар – Скопје, закажана за вторник (5.4.2022), со почеток во 13:00 часот, во сала на Совет на Општина Центар.
Дневен ред
- Разгледување на финалниот извештај за реализација на Годишната програма на Установата од областа на културата Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО за 2021 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/24 од 15.3.2021 година за усвојување на кварталниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“на Општина Центар-Скопје за период октомври-декември 2021 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/27од 15.3.2022 година за усвојување на годишниот извештај за работењето за 2021 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје со финансиски извештај (за периодот од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година) донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/34 од 24.3.2022 година за усвојување на годишната сметка за 2021 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање финансиска помош на граѓаните на Република Украина.
- Предлог-одлука за прифаќање донација на дрвја „Јапонски цреши“.
- Предлог-одлука за објавување Јавен повик за избор на проекти од областа на сценската и други видови уметност.
- Предлог-одлука за објавување Јавен повик за избор на проекти од областа на спортот.
- Предлог-правилник за начинот и условите за остварување еднократна парична помош заради штета предизвикана од природна непогода и од други несреќи.
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување реони на основните училишта на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за отпис на основни средства.
- Предлог-одлука за начинот на уредување и обезбедување на високото зеленило во рамките на градежна парцела во постапките за издавање одобрение за градење во Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за начинот на уредување и обезбедување на паркинг за велосипеди во рамките на градежна парцела при поднесување на барања за издавање на одобренија за градење и на веќе изградени објекти во Општина Центар-Скопје.