Врз основа на член 22, став 1, точка 5 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002), и точка 9.2 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје (Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.21/21) и Одлуката за објавување на Јавен повик за избор на проекти од областа на културата 08-1897/14 од 05.04.2022 година, Општина Центар – Скопје распишува
ЈАВЕН ПОВИК
За финансирање на проекти од сите области на култура
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Во функција на подршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на македонската културна сцена, Општина Центар зема обврска за финансиска подршка на проекти од областа на култура, во согласност со Стратегијата за култура на Општина Центар – Скопје 2017 – 2022 година.
УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
Проектот треба да содржи минимум три од следните услови за да биде разгледуван од страна на комисијата:
Да е нов, иновативен во полето на културата;
Да овозможува достапност и пристап на културата до граѓаните;
Да вклучува активности за различни старосни групи;
Да ги афирмира младите професионалци во полето на современите културни практики;
Да промовира нови, иновативни изрази во културата.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
На јавниот повик може да учестуваат:
Здруженија на граѓани и друг вид на регистрирани организации во областа на културата, како и независни уметници кои професионално ја извршуваат дејноста во областа на културата, со регистрирани седишта во Општина Центар – Скопје;
Проектите да бидат реализирани на територија на Општина Центар или наменети за жители на Општина Центар, односно вклучени жители на општината.
Пријавените здруженија на граѓани, организации и независни уметници да имаат најмалку една година работно искуство во полето на културата.
КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ
Да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот;
Да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот;
Да работи на афирмирање и анимирање на културни вредности во општината.
КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Проектите ќе се евалуираат од стручна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар – Скопје.
НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава која е објавена на интернет страницата на Општина Центар – Скопје (www.centar.gov.mk).
Пријавите треба да се доставават до Општина Центар – Скопје на адреса: ул. Михаил Цоков бр.1, 1000 Скопје или со нивно предавање во архивата на Општината најдоцна до 15 часот на последниот ден од јавниот повик, односно 21.04.2022 година до 15 часот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
– Пополнета пријава,
– портфолио на организацијата/независниот уметник
– биографии на лицата вклучени во проектот,
– Решение за регистрација или тековна состојба на организацијата
ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК
Пријави што се доставени по истекот на јавниот повик, пријави пополнети на несоодветен образец и нецелосно пополнети пријави нема да бидат разгледувани.
Материјалите доставени со пријавите на јавниот повик не се враќаат.
Јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавувањето, а ќе биде објавен на интернет страната на Општина Центар – Скопје (www.centar.gov.mk).
За резултатите од јавниот повик, учесниците ќе бидат писмено известени.
Износот на финансиската подршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на општината.