Uncategorized|

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од денес, повторно ја отвора канцеларијата за прием на странки во дирекцијата на претпријатието која согласно донесените одлуки и препораки од Владата на РСМ, на 12.03.2020 година, беше затворена како превентивна мерка за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19.

Отсега, корисниците на услугите на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе можат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти и да поднесуваат рекламации и приговори исклучиво на шалтерите во канцеларијата за прием на странки којашто се наоѓа на I кат во дирекцијата на претпријатието во катната гаража „Судска палата“. Канцеларијата за прием на странки ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Исто така, корисниците и понатаму ќе можат по електронски пат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да најавуваат гостински регистрации преку новата Green Pay картичка, да извршат електронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, преку веб платформата www.poc.mk или ПОЦ мобилната апликација која може да се преземе на App Store и Play Store.

Comments are closed.

Close Search Window