Uncategorized|

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на Р.С.М.  На 22.04. (петок), 24.04. (недела) и 25.04.2022 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Согласно програмата за неработни денови за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика, 23.04.2022 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 26.04.2022 година (вторник) со вообичаено работно време.

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави Велигденски празници.

Comments are closed.

Close Search Window