Активности|

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/21), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

ОГЛАС

за доделување награди за најдобри наставници

од одделенска и од предметна настава за учебната 2021/2022 година

 

Општина Центар секоја година доделува награди и пофалници за најдобрите наставници од општинските основни училишта во согласност со својата Програма за образование.

Настанот традиционално се одбележува по повод Денот на словенските просветители св. Кирил и Методиј, а наставниците се наградуваат со паричен износ и со пофалници, како дополнителен мотив за нивната натамошна креативна работа во воспитно-образовниот процес.

Критериуми за аплицирање на Огласот:

  1. Наставникот да биде во редовен работен однос, со минимум три години работно искуство во струката;
  2. Право на повторно наградување немаат наставниците што биле наградени во претходните три години;
  3. Во прилог на апликацијата за избор, кандидатот треба да го достави своето професионално досие;
  4. Изборот најдобар одделенски и предметен наставник го врши тричлена комисија од Општината што е формирана од Градоначалникот.

За аплицирање на Огласот заинтересираните кандидати треба да ја достават потребната докуметација до Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6 од 27.4.2022 до 29.4.2022 година од 9 до 15 часот.

Comments are closed.

Close Search Window