Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели сертификати за завршени обуки во рамки на проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.
Проектот кој беше реализиран од Општина Центар и UN WOMEN, опфати невработени жени и жени со идеја да започнат сопствен бизнис. Истите денеска се стекнаа со сертификати од областа на развој на бизнис идеја и бизнис план, претприемништво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.
Градоначалникот Герасимовски им посака успех во идните професии, понатамошен напредок и доусовршување.
„Се надевам дека обуките ќе ви помогнат во профилирање на вашите идни професии, а како и досега, Општина Центар и јас како нејзин градоначалник и понатаму ќе ви ја даваме потребната поддршка“, им порача Герасимовски.
Во рамки на овој проект веќе се реализираат и професионалните обуки за масери, кројачи, педикири и маникири. Овој проект, чии обуки ги проведува UN WOMEN, е поддржан од Швајцарија и Шведска.