За поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж- Полесно до велосипед, Е- велосипед и Е-тротинет!
Општина Центар- Скопје од 04.05.2022 година ја спроведува акцијата “Цел Центар на точак”, со која ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.
Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од 04-ти мај, потребно е да ги достави следниве документи :
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје , барака бр.6, почнувајќи од 04-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.
Правото на субвенција е еднократно.
За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-639.