Врз основа на член 36 од Статутот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 01/06, 12/15, 9/19, 14/19 и 1/21) и точка 3 од Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар – Скопје за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 21/21), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување субвенција за Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“
Општина Центар – Скопје отпочнува со реализирање на Проектот Сервис за стари- „Центар се грижи за возрасните“ почнувајќи од 12.05.2022 година (четврток) од кога и ќе се примаат барања за доделување субвенција.
Реализацијата на Проектот ќе трае па се до исцрпување на финансиските средства педвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.
Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат апликација во Архивата на Општина Центар – Скопје.
Заедно со апликацијата во Архивата треба да се поднесат:
- Фотокопија од лична карта
- Фотокопија од потврда за примена пензија
- Фотокопија од медицински документ за здравствената состојба на лицето-барател
Општи услови:
- лицата што аплицираат да се на возраст над 60 години
- лицата што аплицираат да се жители на Општина Центар-Скопје