Uncategorized|

Поради зголемен обем на активности поврзани со одржувањето на хигиената и чистотата на улиците под општинска надлежност, Општина Центар распишува оглас за времено ангажирање на 3 лица за одржувањето на хигиената, за периодот од 1.6.2022 до 30.6.2022.

За аплицирање на огласот заинтересираните треба потребната документација (фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка, пополнето барање и потврда за невработеност од Агенцијата за вработување) да ја достават во архивата на Општина Центар (барака бр. 6), од 20.5. до 30.5.2022, секој работен ден од 8:30 – 15:00 часот.

Comments are closed.

Close Search Window