Активности|

Општина Центар ги информира граѓаните дека од понеделник (11.7.2022) се менува саатницата за отворениот ден за прием на странки во општината.

Наместо како што беше досега, секој вторник и четврток од 13:00 – 15:00 часот, отсега секторите ќе примаат странки од 9:00 часот наутро до 11:00 часот.

Промената се врши со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, имајќи предвид дека се работи за летен период со високи дневни температури.

Во времето предвидено за прием на странки, сите забелешки, идеи и проблеми, кои се во надлежност на општината, жителите на Центар ќе можат да ги споделат со надлежните општинските служби.

Comments are closed.

Close Search Window