Деновиве, се одржа прес-конференција во просториите на Младински центар Матично каде беа претставени наодите од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ .
Истражувањето е дел од проектот Младински Локални Банки, кој оваа година се спроведува во Општина Центар.
Наодите покажуваат дека големо мнозинство од младите, дури 60%, не би се отселиле од општината, 43% се делумно задоволни, а 25% се многу задоволни од животот во општината.
Исто така радува податокот дека скоро 53% од младите сметаат дека општината е отворена за иницијативи кои доаѓаат од младите и 48% дека тие иницијативи би биле подржани од општината.
Ова се мал дел од наодите кои ги добиле здружението “Младите можат” заедно во соработка со Општина Центар во текот на спроведување на истражувањето во април 2022. Целосната публикација може да ја погледнете на следниот линк: youthcan.org.mk/publikatsii/.