ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ
Ј А В Е Н П О В И K
за детално идентификување на потребите на граѓаните од развој на социјални услуги како придонес кон изработката на Социјален план за периодот 2022-2025 година
Општина Центар го започна процесот на изработка на општински Социјален план за периодот 2022-2025 година. Тој содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјални услуги во општината. Главна цел на овој документ е да се согледа актуелната демографска и социо-економска состојба во општината, и врз основа на тоа да се креираат и поддржат локални политики што се засноваат и одговараат на потребите на сите жители на општината.
За изработка на социјалниот план покрај користењето на постоечки административни извори на податоци многу е важно процесот да добие` партиципативна димензија и да ги вклучи потребите и интересите на жителите од општината. Советот за социјална заштита веќе го започна процесот на мапирање на социјално ранливите категории на граѓаните од општина Центар, но цениме дека тоа не е доволно.
Овој документ е од интерес за сите граѓани, граѓанските организации и други заинтересирани страни кои нудат социјална поддршка и услуги за социјално ранливите категории на граѓани од општина Центар.
Затоа отвораме широк консултативен процес за детално идентификување на потребите на граѓаните од развој на социјални услуги и ги повикуваме сите здруженија на граѓани и фондации, неформални иницијативи и организирани групи кои застапуваат или работат со лица во социјален ризик да го дадат својот придонес кон обликувањето на заедницата според потребите на секој нејзин член. Даваме можност и за индивидуално учество преку поднесување личен предлог базиран на искуство или докази, а кој упатува кон потреба за развој на некоја социјална услуга.
Ги повикуваме сите заинтересирани да дадат придонес кон:
- Прибирање информации за податоци со кои располагаат здруженија на граѓани и фондации, неформални иницијативи и организирани групи кои застапуваат или работат со лица во социјален ризик. Податоците може да се од сопствени извори обезбедени преку евиденции, мапирања, анализи и истражувања или обработени статистички податоци кои се однесуваат на специфична целна група.
- Прибирање предлози за развој на социјални услуги пропишани во Законот за социјална заштита. Покрај вообичаените услуги, охрабруваме да се понудат предлози и за креативни или иновативни социјални услуги со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општина Центар-Скопје.
Право на учество и критериуми
Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженија на граѓани и фондации со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје и неформални иницијативи и организирани групи кои застапуваат или работат со лица во социјален ризик на територијата на Општина Центар-Скопје, како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;
– да имаат претходни активности поврзани со надминување на социјални ризици или социјални услуги на територијата на општина Центар;
– да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;
Рок и начин на доставување на податоците и предлог социјалните услови.
Рок за поднесување предлог социјални услуги и податоци од заинтересираните од општината е 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје, односно најдоцна до 15.08.2022 година до 15 часот.
Предлог социјални услуги и податоци од здруженија на граѓани од општината може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
ул. „Михаил Цоков“ бр.1
1000 Скопје
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.
Со почит,
Претседател
Општински совет за социјална заштита
Бобан Јанкoски