Uncategorized|

Врз основа на член 4, 36, 37, 38,39 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија­­” број 78/2015, 106/2015, 153/2015, 190/2016 и 21/2018) и („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/2019; 275/2019 и 122/2021) и  Одлуката за издавање под закуп на деловен простор во катната гаража ,,Судска палата” донесена од Советот на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје број 08-3091/42 од 09.06.2022 година („Службен гласник на Општина Центар Скопје” број 9/2022),  Комисијата за продажба и давање под закуп на недвижни ствари во сопственост на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје, објавува

О Б Ј А В А

брoj 01 / 2022

за издавање под закуп на деловен простор по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  (првa објава)

  1. ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на деловни простории, сопственост на  ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје, согласно Одлука за издавање под закуп на деловен простор во катната гаража  „Судска Палата” Бр.08-3091/42 од 09.06.2022 година на КП бр. 8885/7, И.Л. бр. 103901 КО Центар 1, донесена од страна на Советот на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје, за времетраење од 3 (три) години од денот на потпишувањето на Договорот за закуп со најповолниот понудувач.

 

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

 

Предмет на закуп се следните деловни простории, сопственост на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје кои се наоѓаат во Катната гаража Судска Палата на Ул. 4 Број бб, КО Центар 1 евидентирани во Имотен лист број 103901:

 

 

Број на деловниот простор Опис и намена на деловниот простор Површина
ДП 8 Деловен простор на приземје-административни намени 33 м2
ДП 9

 

Деловен простор на приземје-административни намени 32м2
ДП 10 Деловен простор на приземје-административни намени 29м2
ДП 11 Деловен простор на приземје-административни намени 37м2

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите утврдени со  закон, како и условите дадени во објавата.

 

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него важат претходно автоматски доделените кориснички име и лозинка, доделени заради негово учество  во претходните постапки.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www. e-stvari.mk.

Документите потребни кон пријавата за електронското наддавање се следниве:    1.Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата (заверена кај нотар).

  1. Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот (заверена кај нотар).

2.Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар за која се поднесува пријава за учество на јавното наддавање, која покрај по електронски пат во оригинална скенирана верзија,треба задолжително да се достави и во писмена форма во оригинал, препорачано по пошта или лично во архивата на Општина Центар Скопје,  со назнака: До Комисија за продажба и давање под закуп на недвижни ствари во сопственост на Општина Центар Скопје.Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена оригинална форма и во рокот определен за поднесување на пријава на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена, односно понудувачот нема да учествува во електронското јавно наддавање.

3.Доказ за идентитет на правни лица:

-тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постар од шест месеци од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавите за учество (за домашни правни лица);

-Извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа не постар од шест месеци од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавите за учество (за странски правни лица);

  1. Доказ за идентитет на физички лица – важечка лична карта или патна исправа;

5.Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапка на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

Пријавата за учество со бараните докази за исполнување на условите од објавата се поднесуваат електронски преку системот www.e-stvari.mk скенирани во оригинална форма (препорачливо во pdf формат), освен банкарската гаранција за сериозност на понудата која освен електронски задолжително се доставува и во оригинал во писмена форма.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Објавата трае триесет (30) календарски дена почнувајќи од 03.08.2022 година и ќе трае заклучно со  01.09.2022 година

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница: www.e-stvari.mk.

Јавното наддавање ќе се одржи на ден  05.09.2022 година и тоа:

 

За ДП 8 ќе започне во 09:00 часот

За ДП 9 ќе започне во 10:00 часот

За ДП 10 ќе започне во 11:00 часот

За ДП 11 ќе започне во 12:00 часот

 

  1. 5. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање можат да се достават заклучно со 01.09.2022 година до 24:00 часот, на адреса на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје, Комисија за продажба и давање под закуп на недвижни ствари во сопственост на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје.

 

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА

 

Вкупната проценета вредност на деловниот простор изнесува:

 

-за ДП 8 проценетата вредност е 3.145.725,00 денари

-за ДП 9 проценетата вредност е 3.050.400,00 денари

-за ДП 10 проценетата вредност е 2.764.425,00 денари

-за ДП 11 проценетата вредност е 3.527.025,00 денари

 

Висината на почетната месечната закупнина за деловниот  простор изнесува 0.5%од проценетата вредност на деловниот простор и тоа:

-за ДП 8 изнесува 15.729,00 денари

-за ДП 9 изнесува 15.252,00  денари

-за ДП 10 изнесува 13.822,00 денари

-за ДП 11 изнесува 17.635,00 денари

 

 

7.БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИЗОНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2% ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ

 

Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар односно:

 

-за ДП 8 изнесува  62.914,50 денари

-за ДП 9 изнесува  61.008,00 денари

-за ДП 10 изнесува 55.288,50 денари

-за ДП 11 изнесува 70.540,50 денари

 

– Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот во PDF формат, подносителот на понудата / пријавата за учество е должен истата да ја достави и во писмена форма и во оригинал на адресата на oпштина Центар (со назнака до Комисија за продажба и давање под закуп на недвижни ствари во сопственост на Општина Центар Скопје).

Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 60 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

 

8.ПОСТАПКА

 

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина на недвижната ствар – деловните простории и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина на недвижната ствар.

Јавното наддавање ќе се одржи доколку по Објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја прифати почетната цена.

Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во Објавата, при што доколку во моментот на истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на закупнината се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на закупнината повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на предметот на закуп во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој понудил последна цена на закупнина која претставува највисока цена за месечна закупнина за предметот на закуп. По завршувањето на јавното наддавање се изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој електронски се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците на јавното наддавање имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да уплати средства согласно постигнатата крајна цена на месечната закупнина, а доколку не ги уплати средствата во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од 15 работни дена по извршената уплата на месечната закупнина, се склучува договор за закуп на деловниот простор во писмена форма кој купувачот во рок од 30 дена го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Нотарските трошоци се обврска на закупопримачот.

                                      

 

Комисија за продажба и давање под закуп на недвижни ствари во сопственост на Општина Центар Скопје

Comments are closed.

Close Search Window