Дневен ред за 13-та седница на Совет, закажана за вторник, 30.8.2022, со почеток во 13:00 часот, во сала за состаноци на Совет (барака бр.6).
Дневен ред:
- Разгледување на Шестмесечниот извештај за работа на Полициската станица од општа надлежност „Центар“ за период од 1.1.2022 до 30.6.2022 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2023 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „13 Ноември“-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2023 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2023 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2023 година во Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за субвенционирање на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Кварталниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период април-јуни 2022 година бр. 02-17/79 од 22.8.20222 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Шестмесечниот извештај за работата на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период јануари-јуни 2022 година со детален финансиски извештај бр. 02-17/82 од 22.8.2022 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Одлуката за организација и начин на наплта на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје бр. 02-17/85 од 22.8.2022 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Правилник за начинот и постапката за издавање на повластена паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата бр. 02-17/89 од 22.8.2022 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Правилник за користење на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар-Скопје бр. 02-17/87 од 22.8.2022 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои управува Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје бр. 02-17/91 од 22.8.2022 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Ценовник на услуги и надоместоци за отстранување и преместување на непрописно запрени и паркирани возила, хаварисани и напуштени возила и приколки од подрачјето на Општина Центар-Скопје и нивно чување бр. 02-17/93 од 22.8.2022 година донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Разгледување на информација.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за урбано планирање „Ф“ на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за реконструкција и санација на основни училишта и детски градинки на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за јавни работи на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2022 година
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2022 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 1.1.2022 година до 30.6.2022 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2023 година во Општина Центар-Скопје
- Предлог-одлука за прифаќање донација на клупи.
- Предлог-одлука за прифаќање донација на јапонски цреши.