- Годишната награда на Општината Центар – „Феникс” се доделува на физички и правни лица од Општина Центар-Скопје и од Република Северна Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.
- Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.
- 3. Наградата за поединци и група творци се состои од диплома и паричен износ.
Наградата за правни лица се состои од диплома и плакета.
Наградата за ученици и студенти се состои од диплома и паричен износ.
- 4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
- 5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија.
Сите предлагачи (поединечно или групно) треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.
- 6. Конкурсот трае започнувајќи од ден 5.9.2022 година и трае заклучно до ден 19.9.2022 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар-Феникс, ул. „Михаил Цоков” бр. 1 или во архивата на Општина Центар-Скопје, во барака 6.
КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА
ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-ФЕНИКС
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-„ФЕНИКС“