Активности, Образование|

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/21), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науките од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2022/2023 година

За учебната 2022/2023 година Општина Центар-Скопје ќе додели стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

 

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
  • да оствариле континуиран успех одличен (5,00) во текот на школувањето во VI, VII и во VIII одделение.

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на науките (природни и општествени) од VI до IX одделение:

  • прво место градски (општински) натпревар (половина бод);
  • прво место регионален натпревар (1 бод);
  • прво место државен натпревар (1,5 бода);
  • прво или второ место меѓународен натпревар (2 или 1,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • наградите од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат предвид.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • фотокопии од свидетелствата од VI до VIII одделение;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науките од VI до VIII одделение.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

– Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;

– За освоени од два (2) до пет (5) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;

– За освоени повеќе од пет (5) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

 

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науките од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар“.

Пријавите ќе ги разгледува и по нив ќе одлучува општинската комисија формирана за овој конкурс.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2022 година.

Нема да се разгледуваат документите што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата ќе го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2019 година.

Comments are closed.

Close Search Window