Култура, Образование|

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за  култура за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/2021), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2022/2023 година

Општина Центар-Скопје за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии за талентирани ученици од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите да се редовни ученици во VI, VII, VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар-Скопје

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на културата  (сите видови на уметност) од VI до IX одделение:

  • I место градски (општински) натпревар (1 и 0,5 бода)
  • I место регионален натпревар (1,5 бод)
  • I место државен натпревар (2 бода)
  • I или II место меѓународен натпревар (3 или 2,5 бода) и
  • Наградите од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат предвид
  • Се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатите треба да достават:

  • Потврда од училиштето дека кандидатот е редовен ученик
  • Биографија на ученикот
  • Фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на културата од VI до IX одделение.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

– Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година.

– За освоени од пет (5) до четириесет (40) бода висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари.

– За освоени повеќе од четириесет (40) бода висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

 

V Начин на пријавување

Потребните документи да се достават до Општина Центар-Скопје.  Пријавите ги разгледува и по нив одлучува Општинската комисија формирана за овој конкурс.

 

VI Рок за поднесување документи

Рокот за поднесување документи е до 23.9.2022 година.

Нема да се разгледуваат некомплетните документи и оние што не се доставени навреме.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.

Comments are closed.

Close Search Window