Активности|

По цели 20 години се пробива крак на улицата „Партизанска“ во Дебар Маало преку ново проектирана улица со што граѓаните на тој потег ќе може непречено да стигнуваат до своите домови.

Согласно правосилното Одобрение за градба УП1 бр.27-238 од 03.08.2022 година издадено од Општина Центар, се спроведува градежна активност во реонот, согласно ДУП за Дебар Маало 1, КО Центар 1.

„Оваа ново проектирана улица која се пробива и поврзува со улицата „Партизанска“ навистина е од огромно значење за граѓаните на тој потег бидејќи сега практично без заобиколување граѓаните ќе може да си дојдат дома. Воедно ова пробивање претставува и подобрено сообраќајно решение на ул„ Партизанска“ во поглед на безбедноста на патниците и пешаците но и за непречен транспорт на сите возила важни за потребите на граѓаните како Брзата помош, противпожарните возила, возилата на Пајак службата, комуналните возила и други“, изјави Герасимовски.

При проектирањето на улицата Општина Центар се водеше по концептот на хумано живеење на сите граѓани во потесниот реон со запазување и унапредување на сите аспекти на хуманото урбано живеење, без исклучок.

За таа цел, Општина Центар ја информира јавноста дека отстрането е едно дрво кое беше исушено, а пресадени во Зоолошката градина се 3 возрасни дрвја, кои се јавно зеленило на предвидената траса, согласно Правосилно Решение, издадено од Град Скопје на 13.10.2022 година. Согласно Решението и определбата на општината за зголемување на јавното зеленило и површини како врвен приоритет, Општина Центар ќе изврши компензациско садење на дрва, постари од 6 години, со вкупно двоен пречник од постоечките. Односно по завршување на градежните работи, општина Центар на ново проектираната улица ќе засади 6 високо квалитетни, повеќе годишни и развиени дрва, вградени во двата предвидени тротоари за движење на пешаци. Во пролетниот период следната година Општина Центар ќе изврши дополнително хортикултурно уредување на потегот на улицата со засадување на садници, кои ќе влијаат на подобрување на изгледот на улицата и ќе придонесат за намалување на бучавата.

Општина Центар како и досега ќе води сметка за интересот на граѓаните при зголемување на квалитетот на хумано урбаното живеење, зголемување на зелените површини и бројот на садници.

Comments are closed.

Close Search Window