Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб „Работнички“, го има вториот спонзор. Станува збор за компанијата „Видеолотарија Касинос Австрија“, кој ќе го спонзорира клубот во времеетраење од една година.
Општина Центар верува дека новото спонзорство ќе ја засили финансиската моќ на клубот и ќе го врати на старата шампионска слава.
Претходно, КК „Работнички“ потпиша четиригодишен договор за спонзорство и со српскиот оператор „Мтел“.
Подобрување на состојбата во клубот беше и дел од предизборните ветувања на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Овој договор за општината, но и за центарци, значи напорна работа сѐ до исполнување на целта, повторно подигнување на шампионскиот пехар во првата кошаркарска лига.