Активности|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски оствари средба со претставникот на Стејт Департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На средбата разговараа за актуелната состојба во регионот и во државата, но и за тоа како локалната самоуправа придонесува во евроатлантската интеграција. Високиот американски дипломат укажа дека Северна Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО и потсети на стратешкиот дијалог што САД го имаа со Северна Македонија во јуни во Вашингтон. Поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави, како стратешки партнер е од клучно значење за развојот на држава.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски е во 10 дневна посета на Соединетите Американски држави организирана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Во Вашингтон Герасимовски е со колеги политичари од Хрватска, Унгарија, Кенија и Боцвана каде ги претставува политиките на државата.

Во текот на вчерашниот ден Герасимовски учествуваше во предавањата каде главна тема беа медиумите и нивната улога во политиката.

Предавањата ги одржа Jasmine Wright, репортерка во CNN задолжена за случувањата во Белата куќа, а предавања одржаа и локалните советници од општини во државите Мериленд и Вирџинија, кои по завршувањето на посетата во САД, ќе бидат применети во секојдневна работа на општината.

Comments are closed.

Close Search Window