Совет|

Дневен ред за 17. седница на Совет на Општина Центар, закажана за 7.12.2022 (среда), со почеток од 13:00 часот, во сала на Совет (барака бр.6).

Дневен ред:

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/108 од 22.11.2022 година за усвојување на кварталниот финансиски извештај на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период јули-септември 2022 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишна програма за 2023 година, на Установата од областа на културата Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО, Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување во 2023 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за отпочнување постапка за заедничка градба.

 

  1. Предлог-одлука за трајно користење на 16 смарт табли, 16 проектори и тавански држачи за проектори и кабли HDMI, 16 персонални компјутери и 1 мултифункциски уред за основните општински училишта.

 

  1. Нацрт-програма за урбано планирање Ф на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за јавни работи на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за реконструкција и санација на основните училишта и на детските градинки на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за култура на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за образование на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-програма за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-буџет на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Нацрт-одлука за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2023 година.

 

  1. Предлог-одлука за прифаќање донација на зимзелени и листопадни дрвја од „Друштво за трговија на големо и мало Флорастат дооел Скопје“.

 

 

Comments are closed.

Close Search Window