Дневен ред за 18-та седница на Совет на Општина Центар, закажана за 28.12.2022 (среда), со почеток во 13:00 часот во сала на Совет (барака бр.6).
Дневен ред:
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/117 од 15.12.2022 година за усвојување на Програмата за работа и развој на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за 2023 година со финансиски план, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/120 од 15.12.2022 година за усвојување на Годишната програма на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за вршење комунална дејност за 2023 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање на согласност на Одлука бр. 02-17/122 од 15.12.2022 на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие, за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на измената на Годишниот план за вработување во 2023 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „13 Ноември“-Скопје.
- Предлог-програма за работа на Советот на Општина Центар-Скопје за период јануари-декември 2023 година.
- Предлог-програма за урбано планирање „Ф“ на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за јавни работи на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за реконструкција и санација на основните училишта и детските градинки на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за култура на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за образование на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-буџет на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-буџетски календар на Општин Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Правилник за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за донесување на План за парцелација од „Урбанистичкиот проект со план за парцелација за формирање на градежна парцела на КП 4323, КП 4324 и дел од КП 4309/6, КО Центар 1 согласно ДУП ‘Француски гробишта’ со намена А1.1-станбени куќи-слободностоечки, Општина Центар-Скопје“.
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2023 година.
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници вработени во институциите основани од Општина Центар- Скопје за 2023 година.
- Предлог-одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите на јавните установи за деца основани од Општина Центар-Скопје за 2023 година.