Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на РСМ.
Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2023 година (недела) и 02.01.2023 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2023 година (вторник) со вообичаено работно време.
За време на божиќните празници на 06.01. (петок) и 07.01.2023 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2023 година (понеделник) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави новогодишни и божиќни празници.