Многу насмевки, задоволство, дружење, музика и пријатна атмосфера на вчерашната предновогодишна забава „Центар и пријателите“, која се одржа на „Боемска 1“.
Граѓаните се забавуваа на хитовите кои ги пуштаа ди-џеите Фиц и Драган Б. Костиќ, песните на Дац и Александар Митевски и за крај уживаа во тамбурашите кои со својот репертоар ги стоплија срцата на присутните во доцните вечерни часови.
На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кој им им ја честиташе новата 2023-та година и им посака среќен и спокен празничен период.
„Наредната година посакувам на сите да ни биде подобра, повесела и посреќна. Ја испраќаме старата и со голема доза на оптимизам ја започнуваме новата година. 2023-та нека биде година која ќе ја посветиме на нашите најблиски, семејството, пријателите. Во Центар започнуваме нова приказна. Продолжуваме со уште позасилено темпо, со нови проекти, нови активности и нови иницијативи за подобар живот на сите нас“, им порача градоначалникот Герасимовски.
Драги сограѓани, Ви благодарам на сите што нѐ поддржувате во нашите подвизи, додаде Герасимовски и посочи дека пред нас се наоѓа важна година со многу проекти за реализација и секоја поддршка е исклучително важна.