Активности|

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во наредниот период започнува со засилени контролни активности за ослободување на јавните површини кои се под надлежност на општината.

Во деновите што следат, инспекорите ќе вршат надзори и ќе ги санкционираат сите правни и физички лица кои имаат поставено блокатори за паркинзи на улиците, тротоарите или другите јавни површини.

Општина Центар упатува апел до сите граѓани и правни лица кои без потребна документација имаат поставено блокатори на јавни површини во најкраток можен рок самите да ги отстранат. Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на општинските служби, а на одговорните ќе им бидат изречени глоби и санкции согласно Законот за јавна чистота.

Comments are closed.

Close Search Window