Дневен ред за 19-та седница на Совет на Општина Центар, закажана за 31.1.2023 (вторник), со почеток во 13:00 часот, во сала за состаноци на Совет (барака бр. 6).
Дневен ред:
- Предлог-одлука за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност „Центар“-Скопје.
- Предлог-одлука за именување член на Управниот одбор на установа од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО.
- Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2, Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за донесување Техничка исправка за ГП 4.5.6 во Деталниот урбанистички план Централно градско подрачје на град Скопје – Мал Ринг, изменување и дополнување, Општина Центар – Скопје.
- Предлог-програма и акционен план на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година.
- Советнички прашања.