Активности|

Општина Центар е единствената општина во нашата држава што се вклучи во ERASMUS+ проектот „МКФ План (IFC Plan)“. Заедно со Здружението „Образование за сите“ Скопје и Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија се вклучивме во креирање на платформа за работа со ученици со ПОП.

Заедно со нашите партнери:

Педагошкиот факултет Штаерскa од Грац, ДИ Вилхелм Штадлер и Приватниот универзитетски колеџ за образование на наставници од Австрија, како и Мелек Академијата и Центарот за насоки и истражување, Чорум од Турција работиме на креирање на оваа платформа.

Со поставувањето на оваа платформа стручните тимови и наставниот кадар од основните училишта на општина Центар, ќе добијат четири бесплатни алатки (датотеки за помош), и тоа:

– Материјали за обука за соодветните специфични здравствени домени на МКФ.

– Примери за најдобра практика на веќе достапни примери за МКФ.

– Пакет со алатки со постоечки линкови до други проекти www.icfcy-meduse.eu , www.icf-school.eu  и www.icf-inclusion.net  за проценка на учество и планирање учество.

– Одговори на често поставувани прашања (ЧПП) од претходно практично искуство со МКФ.

„МКФ-план“ има за цел да му овозможи на училишниот кадар да ја користи МКФ за едноставно електронско планирање на поддршката, а со тоа да ги подобри можностите за учење на учениците со тешкотии во развојот. Ова се постигнува преку усвојување на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) како заеднички јазик во процесите на планирање на училишните ресурси.

Comments are closed.

Close Search Window