Активности|

Општина Центар по барање на Здружението на пензионери го премести пензионерскиот клуб “Невена Георгиева Дуња” од Трговскиот центар Беверли Хилс поради зголемен интерес за дружба и секојдневни средби на пензионерите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги посети новите простории кои се наоѓаат веднаш до Заводот за рехабилитација и ги запозна присутните со проектите за пензионери кои ги спроведува општината.

“Поради зголемен интерес на пензионерите не само околу Трговскиот центар Беверли Хилс во Капиштец туку и пошироко решивме пензионерскиот клуб кој досега функционираше во склоп на читалната “Ацо Шопов” да го преместиме на нова локација. Сега пензионерите и од овој реон, близу Заводот за рехабилитација може да поминуваат квалитетно време во поголеми и покомотни услови. Мене ми е навистина мило што пензионерите од Капиштец ја негуваат дружбата и имаат потреба од поширока социјализација, на овие средби тие разменуваат информации кои ги засегаат сите пензионери и зборуваат за новите проекти во општината. Така што на пензионерите и од овој реон ги поканувам да го посетат клубот кој работи секој ден од 10 до 14 часот да се дружат, рекреираат и поминуваат интересно време со своите сограѓани “, изјави Герасимовски.

Инаку ова е првиот од трите пензионерски клубови кои ги отвори градоначалникот Герасимовски, другите два функционираат во Крњево и кај Универзалната сала. Додека на територија на Општина Центар функционираат вкупно 8 пензионерски клубови.

Comments are closed.

Close Search Window