Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за купување нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2023 година (”Службен гласник на Општина Центар- Скопје” број 17/2022), Општина Центар – Скопје се грижи за поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до велосипед, е- велосипед и е-тротинет!
Јавниот повик е отворен од 21.03.2023 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар – Скопје.
Со Јавниот повик “Цел Центар на точак”, ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.
Секој полнолетен жител на Општина Центар, што ќе купи нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет, започнувајќи од 21 март, потребно е да ги достави следниве документи:
- Барање за субвенција за купување на нов велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно е во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака бр.6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје centar.gov.mk.)
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- Фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од 21 март. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.
Правото на субвенција е еднократно.
За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.