Спорт и млади|

Вчера во ООУ ,,Киро Глигоров” во Општина Центар, се одржа еден од најмасовните турнири во шах за ученици од основните училишта во Центар, избрани по претходна селекција која се вршеше во секое училиште. По завршувањето на селекцијата, најдобрите учествуваа на општинскиот шаховски турнир.

Учество на турнирот земаа околу 150 ученици, поделени во две групи, од I до V одделение, и од VI до IX одделение.

Учениците кои ги освоија првите три места од двете групи добија пехари и дипломи, а првите места добија и стипендија. Овој шаховски турнир Општина Центар го спроведуваше во соработка со Шаховски Сојуз на Град Скопје и Шаховска Федерација на РСМ.

 

Ученици кои ги освоија првите три места од I до V одделение:

Крстевски Павел – V одд. во ООУ ,,Димитар Миладинов”
Черепналковски Горазд – V одд. во,, ООУ ,,Димитар Миладинов”
Саракинчев Антонио – III одд. во ООУ ,,Коле Неделковски”

Ученици кои ги освоија првите три места од VI до IX одделение

Лазовски Кристијан – IX одд. во ООУ ,,Димитар Миладинов”
Шлакески Христијан – VIII одд. во ,,ООУ Коле Неделковски”
Камнар Даниел – VI одд. во ,,ООУ Коле Неделковски”

Comments are closed.

Close Search Window