Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16), Општина Центар-Скопје објавува
Ј А В Е Н П О В И K
за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2023 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2023 година, од Програмата ЕО-Општинска администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, потставка 463110 – Трансфери до здруженија и фондации, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2023 година и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.
- Вид проекти што ќе бидат финансиски поддржани:
Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите преку грантови за програми (проекти) во следниве приоритетни области:
- помош и поддршка на лицата со пречки во психичкиот и физичкиот развој
- поддршка на децата и на младите, особено во процесот на воспитување и образование
- развој на социјални услуги за потребите на граѓаните во социјален ризик
- родова еднаквост
- заштита на жртви при семејно насилство
- заштита на животната средина и одржлив развој
- развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права
Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општина Центар-Скопје во приоритетните области определени со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2023 година.
- Прeдвидени средства
За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Доставување извештај
Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2023 година по завршувањето на своите програмски активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.
- 4. Право на учество и критериуми
Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата и фондациите со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;
– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година;
– да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;
– да поднеле извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината, ако за 2022 година добиле средства преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите;
– да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.
Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:
- Пополнета пријава на јавниот повик за финансиска подршка од општина Центар;
- Решение за регистрација на здружението или фондацијата или Тековна состојба од Централен регистер на РМ не постара од 6 месеци;
- Активна трансакциска сметка на здружението или фондацијата што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
- Завршна сметка за 2022 година и
- Извештај за работењето на здружението/фондациите за 2022 година.
Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
- Рок и начин на доставување на пријавите.
Рок за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје, односно најдоцна до 06.04.2023 година до 15 часот.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
ул. „Михаил Цоков“ бр.1
1000 Скопје
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.
Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2023 година за финансирање на здруженија и фондации во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“.
Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за проектите од областите во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ