Совет|

Дневен ред за 22-ра седница на Совет на Општина Центар, закажана за 30.3.2023 (четврток), со почеток во 13:00 часот, во сала на Совет (барака бр. 6).

Дневен ред:

  1. Предлог-решение за именување членови на Надзорниот одбор на установа од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО.

 

  1. Разгледување на Финалниот извештај за реализација на Годишната програма на Установа од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО, за 2022 година.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 0201-11/6 од 22.2.2023 година за усвојување на Стратешкиот план за периодот од 2023 година до 2027 година на Установа од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот бр. 01-63/1 од 03.02.2023 година за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места во ЈУДГ на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје донесен од Управниот одбор на ЈУДГ на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот бр. 01-65/1 од 03.02.2023 година за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУДГ на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје, донесена од Управниот одбор на ЈУДГ на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/14 од 14.3.2023 година за усвојување на Годишната програма на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за вршење на јавна комунална хигиена за 2023 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополна на Годишниот план за вработување во 2023 година бр. 04-826/1 од 22.3.2023 година во Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за прифаќање донација на фотоволтаична централа од ОКТА АД-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за измена на Одлука за основање на Трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори на Општина Центар-Скопје

 

  1. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за јавни дејности.

Comments are closed.

Close Search Window