По повод 2 април-Меѓународниот ден на аутизмот, посветен на информирање и активизам за поддршка на лицата со аутизам се организираа едукативни работилници од креативните ученици со поддршка на стручните соработници и едукатори во сите осум основни училишта од Општина Центар.
Градоначалникот Горан Герасимовски учествуваше на работилницата во ООУ„Св. Кирил и Методиј“, училиште кое е на Европската мапа за Autism Friendly место во Европа како аутизам амбасадор. Заеднички со учениците и стручниот тим, под мотото „Да го свртиме светот, додека тој не движи нас“, облечени во сино дадоа придонес во одбележувањето со низа активности во знак на грижа, поттик и врсничка свесност за поголема интегрираност на лицата со аутизам во и вон училишната средина. Преку сликовито прикажано вртење на тродимензионален мозаик на планетата Земја, поставен во рамка од сложувалка, до лепење на отпечатоци од раце и пишување пораки во знак на свесноста за аутизмот во секојдневното живеење, порачаа дека сите треба да сме исти, треба да се почитуваме без разлика на различностите што ги носиме во себе.