Култура|

И годинава се организира традиционалната „Регионална ревија на песни, музика и игри“ во организација на Сојузот на пензионери на Македонија, на која заедно со Здружението на пензионери од Општина Центар бевме домаќини, а учествуваа членови на повеќе Здруженија од Североисточниот регион. На манифестацијата, нашите повозрасни жители покажаа дека ги негуваат традиционалните македонски вредности и култура. Во насока на подобрувањето на социјалниот и културниот живот  на нашите возрасни граѓани и во иднина ќе продолжи грижата на Општината за нив, преку реализирање проекти што се од витално значење за нивното дружење и социјализација. Општина Центар на сите пензионери им посакува да ги служи здравјето и да имаат спокојни денови.

 

Comments are closed.

Close Search Window