Прес|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во денешното гостување во МРТВ испрати порака родителите сериозно да го следат растот, развојот и однесувањето на своите деца. Несреќниот настан кој се случи во Србија рече Герасимовски да биде силен аларм за свесност и кај институциите и кај родителите. Притоа Герасимовски најави и програма и обуки за спречување и препознавање на булинг во основните училишта во Центар.

„Јас секогаш и како родител гледам и барам начини, а понекогаш и вина во себе за моето одвоено време со моите најмали. Треба и самите родители и самите ние да одвојуваме и вложуваме многу повеќе време во развојот на нашите деца, да го следиме нивното однесување, навиките кои ги носи времето на развој, нивното опкружување и нивните интереси. Во текот на следната недела имам средба со директорките на училиштата и градинките да поразговараме за подобрување на безбедноста. Планирани се и дополнителни обуки во делот на превенција на булингот. По мој предлог правиме одредена програма заедно со социолозите и одредени професори од факултетите да ги учиме децата на различности. Ќе дадеме се од себе да што повеќе и ги образуваме во училиштата но пак ќе кажам, родителите мораат да одвојуваат што повеќе време во разговор и внимание во нивниот раст и развој“, изјави Герасимовски.

Општината, потенцираше Герасимовски ќе вложи во поголема безбедност во образовните установи и во ноќните часови со цел да се зголеми безбедноста на децата.

Comments are closed.

Close Search Window