Образование|

Најмодерното и најсовременото училиште во нашата општина ја има честа да го носи името на првиот претседател на суверена Македонија, Киро Глигоров. Токму тој нè потсетува дека минатото ни е исполнето со историја вредна за почит, а иднината предизвик кој ќе нè научи дека можеме и повеќе и подобро.
Со пригодна програма под мотото „Музика-магија што нè поврзува“ ова најмодерно училиште го одбележа својот патронен празник. Им благодарамe на целиот наставен кадар и стручните служби што континуирано вложуваат во едукацијата на нашите ученици со надеж дека токму тие ќе бидат идните академски граѓани со кои државата ќе се гордее.

Честит патронат!

Comments are closed.

Close Search Window