Образование|

Со гордост ја прославивме 58–годишнината од работата на градинката „Кочо Рацин“ која го носи името на основоположникот на современата македонска поезија. Сценско-музичкиот настап „Шумска приказна“ го подготвија децата, воспитувачите и негователите од четирите објекти од градинката.

Градоначалникот Горан Герасимовски на денешното роденденско празнување се заблагодари на вработените од градинката што секогаш се стремат преку игра, песна, креативни работилници и посети на институции да обезбедат квалитетно предучилишно воспитување и образование за децата. Тој истакна дека Општина Центар продолжува да вложува во подобрување на условите во детските градинки. Во кругот на матичниот објект ќе се изгради ново инклузивно детско игралиште, а ќе бидат поставени и фотоволтаици во сите објекти на градинката „Кочо Рацин“ во рамките на проектите за енергетска ефикасност и одржливост.

 

Comments are closed.

Close Search Window