Под мотото „Да го рециклираме ѓубрето од минатото во зелена иднина“, Општина Центар учествуваше во големата акција за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 во која се вклучија 52 општини од државата. Вработените од општинската администрацијa од Центар се вклучија во чистењето на локациите: Паркот на франкофонијата, Парк Капиштец, Парк на новинари и Сквер Јадран, каде им се придружија и вработените од ЈП ПОЦ, Шпаркасе Банка, еколошки здруженија, пензионери, компании и други граѓани. Учениците и наставниците од основните училишта од Општина Центар ги чистеа своите дворови.
Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на животната средина. Во организација на годинешната генералка викенд се вклучени Мен енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак.